Анџелина Џоли меѓу бегалците во Либан

0
689

Холивудската актерка,  Анџелина Џоли ги посети семејствата на сириските бегалци кои живеат во кампови во Либан.

Во тоа време над импровизираниот центар врнеше дожд и местото  беше во кал. Ѕвездата, која исто така е и претставник на ОН, го посети и главниот град Бејрут. Џоли реши на тој начин да се одбележи петгодишнината од војната на Блискиот Исток. Конфликтот протера 4,8 милиони Сиријци од нивната земја, а и расели други 6,6 милиони луѓе во различни делови на Сирија. Во кампот Џоли одржа средби со група жени, кои живеат во лоши услови  и каде нивните семејства се изложени на болести. Ги повика владите во светот да ја зајакнат својата помош за скоро 5-те милиони луѓе, кои се принудени поради војни да ги напуштат своите домови. Таа  истакна дека во Либан има над 1 милион бегалци од почетокот на конфликтот во 2011 година.

Џоли треба да го посети и грчкиот остров Лезбос каде исто така има бегалци.