Андонов стравува од инциденти на изборите

0
323

Во врска со синоќешната престрелка во Скопје во која е повредено и едно лице, заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов при денешната посета на СВР Битола рече дека во тек е истрагата, а првичните сознанија се дека се работи за пресметка.

– Со оглед на тоа дека лицето врз кое е извршен обид за убиство има оперативен зафат во хируршкиот центар во Скопје, можеме да констатираме дека лицето е познато на Службата по своите криминални активности, потекнува од општината Ѓорче Петров, знаеме за неговите активности, а на јавноста и е позната и неговата политичка активност. За жал се докажа тоа што барем јас во целиот изминат период го говорев дека со противзаконските поставувања во МВР, со врските на СДСМ и министерот Спасовски со криминални групи и поединци само се зголемува тензичноста и тоа не помага во зголемување на безбедноста на граѓаните, рече тој. Завршен е увидот на лице место, подигнато е моторното возило на повредениот и по негово враќање во контактибилна состојба, се надевам дека операцијата ќе заврши успешно и потоа ќе можеме да добиеме поконкретни информации за тоа што се случило. Жалам што морам да констатирам дека последниов месец имавме неколку случаи во кои доживеавме криминално-полициски местенки, активности на некои криминални групи и тоа ме плаши дека во текот на изборите може такви работи да се случат, изјави Оливер Андонов, дополнителен заменик министер во МВР