Андреј Папаз за матурантите

0
1990

Дел од матурантие ги дочекаа своите матурски забави дел сеуште не. Припремите траеја со месеци, па се одеше дури до соседните држави да се избере вистинскиот модел на фустан или костум.

Посебно кај припадничките на понежниот пол, се започнува со облеката и фризурата, а завршува со пристигнувањето на прославата, но главната грижа и на машките е да се избере соодветен костум и стајлинг.
Стилистот на повеќе познати личности од Македонија, Андреј Папаз ги советува матурантите што да изберат но и што е најважно за матурската вечер.
Неодамна Андре беше вклучен во една акција поврзана со матурантите во Скопје , а во сорабтока со Теа модерна.
Андреј советува да не се следат слепо стајлинзите на холивудските личности ,затоа што пред се за нивниот изглед се грижат цела армија на стилисти и дизајнери.
Да се задржи младешкиот дух, па соодветно на тоа да се појавите на вашата матурска прослава, е вистинскиот погодок.