Андреј Жерновски се повлекува од трката за градоначалник

0
321

Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на општина Центар – соопшти премиерот, Зоран Заев во емисијата 24 Отворено.

Жерновски се согласил да го поддржи кандидатот за градоначалник на СДСМ и за тоа прашање веќе се усогласени ставовите. Се уште е неизвесно кој ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, а во игра се повеќе имиња. Официјалната одлука на партијата ќе биде донесена денеска.