Анестезиолозите од гевгелиската болница кои биле пијани на работа добиле откази

0
374

Двајцата анестезиолози кои биле пијани на работа и најверојатно ја предизвикале смртта на родилката и нејзиното неродено бебе добиле отказни решенија.

Велешкото обвинителство денеска соопшти дека од земените примероци на нивната крв во петокот, кога се случила трагедијата, било регистрирано присуство на алкохол од 1,23 и 1,75 промили.

 „Денеска директорот на ЈУЗ општа болница Гевгелија донесе решение за изрекување на дисциплинска мерка престанок на вработување на здравствен работник: Др. Томчо Ванчев и Др. Зоран Јовановски специјалисти по анестезиологија и реанимација“, соопшти директорот на болницата Сретко Јованов.

Без коментари

LEAVE A REPLY