Ангела Меркел останува германски канцелар

0
191

Според првичните неофицијални резултати, Ангела Меркел останува германски канцелар и во следните четири години. Првичните неофицијални резултати покажуваат дека Христијанско-демократската унија на Меркел на изборите освоила 32,5 проценти од гласовите, со што е убедливо најсилна партија и во новиот состав на Бундестагот – долниот дом на парламентот. Изборните резултати, сепак, не ги потврдија во целост предизборните прогнози кои ѝ даваа голема предност на канцеларката која веќе 12 години е на чело на владата. Прогнозите велеа дека партијата на Меркел ќе освои околу 40 отсто од гласовите, а актуелниот резултат е далеку понизок од предвидувањата, пишува Дојче Веле.

 

Без коментари