Ангела Меркел паднала од столица

0
423

Најмоќната жена во светот Ангела Меркел доживеала непријатна ситуација за време на паузата од изведбата на операта на Вагнер, Тристан и Изолда.

Таа се упатила во ресторанот од зградата и при обид да седне столицата пукнала, а германската канцеларка се нашла на подот.

Иако првобитно медиумите објавија дека Меркел се онесвестила, портпаролот на Меркел демантираше, соопштувајќи дека се работи за мала несреќа без последици.

Kанцеларката по падот се вратила да ја догледа операта до крај.