Ангелчо Илиевски работи на Сонетите од Шекспир

0
654

Битолскиот театар ги започна подготовките за театарските претстави инспирирани од Сонетите на Вилијам Шекспир, кои секоја одделно ќе ги режираат Јован Ристовски, Ангелчо Илиевски.

Претставите ќе бидат одиграни на „Битола Шекспир фестивалот“ како една компилација. Но, исто така овие претстави ќе ги понудат на големиот театарски пазар во светот и очекуваат повеќе настапи на фестивали во светот. Воедно на овој начин Битолскиот театар, го одбележува големиот датум во светската уметност, односно 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.