Ангелевска од името на градот ги поздрави учесниците на средбата во Трново

0
686

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Светскиот Македонски Конгрес на ден Илинден во подпелистерското село Трново ја организираа Четириесет и петта Светска Македонска Иселеничка Средба и на Триесет и шестта Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Средба Трново 2016.

Покровител на Семакедонската средба во Трново е градоначалникот на општината Битола и таа е дел од Програмата за култура на општина Битола со одлука на Советот на општината во 2014 година.
 
Во име на градот односно општината на средбата се обрати Силвана Ангелевска претседател на Советот на општина Битола.