Ангелевска прашана кој ќе го заменува Талески додека трае мерката куќен притвор

0
1974

На денешната прес конференција во ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола, потпретседателката на партија Силвана Ангелевска, која е и претседател на Советот на општина Битола, беше прашана кој ќе го заменува градоначалникот на Битола додека трае мерката куќен притвор.

Таа рече дека според Законот за локална самоуправа ваквата ситауција не е експлицитно опишана како да се реагира.

„ Има одредени членови кои предвидуваат што ако има прекин на функцијата градоначалник, а има и одредени членови кои допираат што значи отсуство на градоначалникот. Ние не сме тие кои можеме да судиме и пресудиме, да почекаме да видиме како ќе се изјасни Апелациониот суд“ рече Ангелевска.

Таа реагираше и на прес конференцијата на ЛДП велејќи дека онака како што рекол лидерот на партијата Груевски веќе се постапува за Офицерскиот дом, кој веќе бил впишан во катастарот како сопственост на Општина Битола и кој ќе се реконструира, а исто така и согласно програмата за спортски објекти ќе се реконструираат објектите во Битола.