Ангеловски ги повика Спировски и Ристевски за тестот со Норвешка

0
151

Селекторот на нашата „А“ фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска го соопшти поширокиот список на потенцијалните кандидати за настап на пријателскиот меч со Норвешка кој ќе биде одигран на 11 ноември на Арената Филип Втори во Скопје.

„Норвешка е пред нас 20 места на ФИФА листата, а дополнителен предизвик ќе биде тоа што никогаш ја немаме совладано. Очекувам од моите фудбалери да настапат како на претходните натпревари, да воспостават контрола на теренот и да ја наметнат својата игра. Ќе видиме како ќе се справиме со Норвешка, – истакна Ангеловски.

Голмани:

Столе Димитриевски (Настик Тарагона)

Давид Митов Нилсен (Норчепинг)

Одбрана:

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон)

Кире Ристевски (Вашаш)

Кристијан Тошевски (Пелистер)

Дарко Велковски (Вардар)

Ѓоко Зајков (Шарлоа)

Висар Муслиу (Вардар)

Среден ред:

Стефан Спировски (Ференцварош)

Ферхан Хасани (Шкендија)

Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед)

Енис Барди (Леванте)

Љупчо Дориев (Академија Пандев)

Никола Ѓорѓев (Твенте)

Аријан Адеми (Динамо Загреб)

Марјан Радески (Шкендија)

Напад:

Горан Пандев (Џенова)

Илија Несторовски (Палермо)

Александар Трајковски (Палермо)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака)