Ангеловски го објави списокот за мечевите со Словенија и Бугарија

0
406

Селекторот на македонската А-фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска го објави списокот од 18 повикани фудбалери за престојните две контроли со селекциите на Словенија и Бугарија. Ангеловски на прес-конференцијата истакна дека во изборот се најдоа само фудбалери кои имаат добра минутажа во своите клубови и кои треба да го состават и костурот на националниот тим за следниот квалификациски циклус.

По две годишна пауза во националниот тим се враќа Горан Пандев. Во репрезентацијата повторно има место и за Адис Јаховиќ, како и за голманот Мартин Богатинов, кој заедно со Столе Димитриевски ќе биде голманската двојка за престојните две контроли.

Македонија во Словенија заминува в понеделник, а дуелот во Копер се игра во среда. Со Бугарите во Скопје играме на 29 март.