Ангеловски: „Ќе го нападнеме Рубин уште утревечер„

0
294

Фудбалерите на Работнички се подготвени за првиот натпревар со руски Рубин Казан во рамките на пле-јоф фазата за пласман во Лига Европа. Преку реномираниот руски клуб ‘романтичарите’ ќе се обидат да го остварат најголемиот клупски успех, но и најголемиот успех на македонскиот фудбал во европските купови, никогаш ниту еден клуб од Македонија не играл во фазата по групи во евро куповите. „Во Македонија многу ретко сме навикнати некој клуб да стигне во оваа фаза од европските купови. Јас како и пред натпреварот со Трабзон порачувам дека Работнички нема да биде само учесник во овој плејоф, туку нашиот план е да го дадеме максимумот, да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат во Казањ. Знаеме против каков клуб играме, знаеме дека се фаворити, ги респектираме, но бидете уверени дека ќе дадеме се од себе за да ги победиме“ рече на прес конференцијата тренерот на Работнички Игор Ангеловски. Натпреварот помеѓу Работнички и Рубин на арената „Филип Втори“ в четврток, ќе започне во 20 часот.