Ангеловски: Сакам да останам во ракометот и ме влече тренерскиот занает

0
830

Бранислав Ангеловски не ги сокри емоциите во неговото излагање по завршувањето на натпреварот во негова чест во Битола,

„Никогаш не сакам да размилсувам на долги патеки. Во овој момент сум на таа функција и таму ќе бидат додека можам. Сакам да останам во ракометот, ме влече тренерската работа и сигурно ќе останам во ракометот. Ме радува фактот што стана традиција да бидеме дел од големите натпреварувања. Најмногу радува тоа што младинската репрезентација направи одличен успех на последното СП”, рече Ангеловски.

На последниот натпревар во кариерата, Ангеловски постигна пет гола во ремито, 41-41 на Ангеловски и пријателите и Пелистер Еурофарм.