Ангеловски: Задоволен сум работата и однесувањето на сите фудбалери

0
390

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е задоволен од атмосферата која владее во репрезентацијата и условите кои нашиот националниот тим ги има за подготовките во Порторож, пред утрешниот пријателски натпревар со Словенија.

„Задоволен сум од условите кои ги имаме за работа овде во Словенија, но она што ме радува е атмосферата која владее во репрезентацијата и залагањето на првите тренинзи на сите кои се во селекцијата. За мене како селектор е многу важно да имаме позитивна атмосфера, но и сите играчи да бидат здрави и подготвени да го дадат својот максимум на секој натпревар, па и на овој пријателски против Словенија. Се нaдевам дека ќе покажеме добра игра и ќе постигнеме добар резултат“ изјави селекторот Ангеловски.

Секако дека со враќањето на Горан пандев во селекцијата се подига и моралот кај останатите репрезентативци кои треба да го имаа како лидер играчот кој изминатите години е наш најдобар фудбалер. Спортското радио 90,3 ќе ве известува за настапот на нашата репрезентација против Словенија со директни јавувања на колегата Сашо Кузмановски кој е заедно со нашата експедиција во Словенија.