Анкара и дозволува на Русија да ја користи базата Инџирлик

0
779

Анкара би можела да и’ дозволи на Русија да ја користи воздушната база Инџирлик за воздушните напади врз Исламска Држава во Сирија. За ова информ ира турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во неговото интервју за телевизијата ТРТ, пренесува „Раша Тудеј“.

Досега руските авиони ја користеа руската воздушна база Кмеимим во сириската провинција Латакија.

Ќе соработуваме со секого што се бори против ИД, рече Чаушоглу, нагласувајќи дека „Анкара ја отворила воздушната база Инџирлик за сите што сакаат да се вклучат во активна борба“.Зошто да не соработуваме и со Русија на истиот начин? Турција е подготвена за таква операција. Тероризмот е наш заеднички непријател. Здружените напори се важни за да се избегнат несаканите инциденти (помеѓу страните што се борат против ИД), вели министерот.