Анонимус предизвикаа хаос во Лондон

0
1123

Илјадници демонстранти се собраа синоќа во строгиот центар на Лондон, на големиот протест наречен „Марш на милион маски“, кој веќе со години го организира хактивистичката група Анонимус, пренесуваат британските медиуми.

Демонстрантите се собраа пред Бакингемската палата, а дел од нив протестираа пред седиштето на владејачката Конзервативна партија. Со бели маски на лицата тие извикуваа „Единствено решение – револуција!“, „Чии се улиците – наши се улиците!“ и „Ние сме многумина!“.

„Ние ги видовме злоупотребите на оваа и претходната влада, ние го видовме претстојното уништување на многуте граѓански слободи кои ни се драги, ги видовме обидите интернетот да се претвори во уште еден дел од државниот надзор, го видовме непочитувањето на емигрантите, сиромашните, старите и изнемоштените, го видовме главниот град во кој профитот и алчноста на неколкумина се ставени пред потребите на многуте и ние викаме доста“, порачаа организаторите на протестот.

Без коментари

LEAVE A REPLY