Анонимуси му објавија војна на Трамп

0
375

Хакерската група Аномимуси објави „тотална војна“, против претендентот за иден американски претседател од редот на републиканците Доналд Трамп и покани други хакери – активисти да се обединат против американскиот милијардер, со тоа што од 1 април ќе ги нападнат на сите негови електронски сајтови.

Анонимуси, објавија „војна“ и на Трамп директно му се обратија со видеоснимка.

„Драг, Доналде Трамп, те посматраме веќе подолго време и она што го гледаме е многу вознемирувачки. Вие го шокиравте целиот свет со вашите ужасни дела и идеали“, вели во видеопораката што ја пренесе и РТ, маскиран хакер. Тој потоа се обраќа до хакерите и граѓаните, велејќи: „ова е повик на оружје. Потребно е да ги урне нивните веб-страници, истражете и разоткријте го тоа што не го знае јавноста. Треба да се разбие неговата кампања и да го саботирате неговиот бренд“. Снимката завршува со порака за Трамп: „Ова не е предупредување, ова е објавување на сеопфатна војна“.

Анонимуси во почетокот на март објавија некои аудио пораки на Трамп кои ги открија неговите блиски односи со некои членови на либералните медиумите во САД. Во 2015, Анонимуси најавија „војна“ против милијардерот по неговите изјави дека на муслиманите треба да им се забрани влез во САД.