АНОНИМУСИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Еве каде ИСИС планира да нападне денеска

0
297

Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ предупредуваат за можни терористички напади, денеска на пет локации низ светот.

Според нивните информации, ИСИС планира напади во САД, Индонезија, Италија, Либан и повторно во Париз, а цел на крвавите напади биле масовни манифестации.

Анонимуси тврдат дека цел на напад на џихадистите им се светските демонстрации за борба во арената „Филипс” во Атланта, Џорџија.

Тие планираат да нападнат и на масовните демонстрации на феминистките во Париз и салони за игри во Рим.

Во Индонезија мета на џихадистите е концертот на американскиот хеви-метал бенд “Five Finger Death Puch”, како и универзитетот Holy Spirit во Либан, тврдат Анонимуси.

Инаку, минатата недела оваа хакерска група јавно им објавија сајбер војна на Исламската Држава. До сега, тие имаат хакирано над 20 илјади џихадистички профили.

Без коментари

LEAVE A REPLY