Антикорупциска ги прифати претставките против Спасовски и СДСМ

0
273

На јавна седница, Државната комисија за спречување на корупцијата ги изгласа двата приговори поднесени од дополнителниот заменик министер Оливер Андонов и на Илија Илиоски како овластен претставник на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Двата приговори се однесуваат на членот 8-а од Изборниот законик.

Според приговорот на Андонов, Спасовски вршел кадровски смени во министерството спротивно на Изборниот законик. Според вториот приговор, комуналното претпријатие од Куманово со службено возило разнесувало изборен материјал на СДСМ.