Антикорупциска: Зврлевски не може да се разреши кога веќе се распишани локалните избори

0
280

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) вчера испратила мислење до Собранието на РМ во врска со седницата за разрешување на Марко Зврлевски.

Антикорупциската комисија смета дека има законска пречка да се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски кога се веќе распишани локалните избори.

Антикорупционерите појасниле дека нивната одлука е во контекст на претходно дадени мислења.

„Како и за претходните изборни циклуси, ние одлучивме дека не треба да има ниту именувања ниту разрешувања по распишување на изборите. На тоа мислење остануваме и овој пат“, е ставот на ДКСК.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ испратија барање до ДКСК за мислење од антикорупциската комисија за тоа дали е законски да се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски при веќе распишани локални избори.

http://makfax.com.mk

Без коментари