Антивладини протести во Еквадор, повредени 67 полицајци

0
284

Неколку десетици полицајци се повредени при судир со демонстранти за време на антивладините протести кои се одржаа во неколку градови во Еквадор.

Според властите, повредени се 67 полицајци, а уапсени се 47 демонстранти.

Најголемиот протест, на кој учествувале повеќе од 10.000 луѓе, се одржал во главниот град Кито. Демонстрантите ги нападнале безбедносните сили со стапови, камења и запаливи материи. Полицијата одговорила со солзавец.

Граѓаните на Еквадор не се задоволни од политиката на претседателот Рафаел Кореа и од намерата на Владата да го измени Уставот. Една од планираните измени би му дозволила на претседателот Кореа во 2017 година повторно, по четврти пат, да се кандидира за шеф на државата.

Без коментари

LEAVE A REPLY