Антоан Гризман е МВП на ЕУРО 2016

0
710

Антоан Гризман е прогласен за најдобар играч на Европското првенство, објави УЕФА, која го соопшти и идеалниот тим на првенството. Во тимот го нема Герет Бејл, а има место за Кристијано Роналдо кој одигра под своето ниво.

Гризман првенството го заврши како најдобар стрелец на ЕУРО 2016, на седум натпревари тој постигна шест голови. Изнендување во идеалниот тим е изборот на Велшанецот Џо Ален, како и голманот на Португалија Руи Патрисио, кој местото го заслужи со одличните одбрани во финалниот меч.

Идеалниот тим на ЕУРО 2016:

Руи Патрисио (Португалија) – Џошуа Кимих (Германија), Џером Боатенг (Германија), Пепе (Португалија), Рафаел Гереро (Португалија) – Џо Ален (Велс), Арон Рамзи (Велс), Тони Крос (Германија), Димитри Паје (Франција) – Антоан Гризман (Франција), Кристијано Роналдо (Португалија).