Антоние и Клеопатра на Шекспир фестивалот и на Охридско лето

0
201

Екипата на Народниот театар-Битола е во интензивни подготовки за четвртата премиерна претстава оваа година– „Антоние и Клеопатра” од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел.Екипата ја сочинуваат-Петар Спировски, Соња Михајлова, Борче Ѓаковски, Елена Моше, Викторија Степановска, Марјан Ѓоргиевски.Антоние и Клеопатра ги играат Петар Горко и Валентина Грамосли кои слават јубилеј, 20 години од првата заедничка претстава инспирирана од Шекспир кога ги толкуваа улогите на Ромео и Јулија.Соработката со Блондејл, битолчани ја паметат преку претставата Хенри 6 -ти со која битолските актери учествуваа на интернационалниот фестивал на театарски класици во Пекинг како и во „Глоуб” театарот во 2012-та година, домаќин на културната олимпијада во Лондон.- Почестен сум што повторно ќе режирам дело на Шекспир на македонски јазик. Најдоброто ќе се случува на самата премира- истакна Блондејл.Преводот на текстот за оваа театарска претстава го направи Драги Михајловски, а премиерата ќе биде на Шекспир фестивалот- најави уметничкиот директор Благој Мицевски.Соработката меѓу народниот театар-Битола и Џон Блондејл е континуирана и се одвива подолг период, а со новата премиера освен на „Битола Шекспир Фестивал”, ќе се настапи и на овогодинешното издание на фестивалот Охридско лето.

Неда Маретиќ