Апел за евакуација на повеќе од 13.000 загрозени од пожари во Калифорнија

0
529

Поради дваесетина пожари кои повеќе денови беснеат во Калифорнија, упатен е апел до над 13.000 лица да се евакуираат.

За гаснење на пожарите ангажирани се околу 10.000 пожарникари, а непристапниот терен дополнително ја отежнува нивната борба со огнот.

Површините на кои беснее најголемиот пожар, северно од Сан Франциско, во текот на викендот двојно се зголемиле, што е досега незапаметена брзина во ширење на огнот.

Пожари ги зафатија и некои други области во западниот дел на САД. Во државата Орегон изгореле над 15.000 хектари земјиште, додека во државата Вашингтон се евакуирани 300 луѓе.