Апелација одреди притвор за Грујевски, Јакимовски и Бошковски, но не и за Мијалков

0
1035

Тројца обвинети во случаите Таргет и Тврдина на СЈО заработија притвор. Апелациониот суд Скопје соопшти дека ги прифатил жалбите на СЈО и одредил притвор за поранешниот началник на петтата управа во УБК Горан Грујевски, за поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и за службеникот во УБК, Никола Бошковски.

Тони Јакимовски сега е генерален директор на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот(СЕЛЕК) со седиште во Букурешт.

За останатите обвинети во овие случаи, меѓу кои и за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, се одбиени жалбите и на обвинителството и на одбраната и се потврдени одлуките на Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 за одземање на пасошите.

СЈО ги товари за незаконско прислушување на илјадници луѓе во Македонија.

Без коментари