Апелациониот суд пресуди во полза на NSA

0
455

Американскиот апелациониот суд во петокот ја отфрли одлуката на судијата со којашто се попречуваше Агенцијата за национална безбедност (NSA) да ги прибира метаподатоци за телефонските разговори според контроверзната програма којашто предизвика загриженост за загрозување на приватноста и слободите на граѓаните.
Апелациониот суд округот Колумбија соопшти дека нема доволно докази за прелиминарниот налог кој го донесе понискиот суд, Законот на кој се повикуваше во тој случај истече во јуни годинава и го ревидираше американскиот Конгрес.

Судиите од Апелациониот суд заклучиле дека тој случај не е спорен, и покрај промената на законот и го испратиле назад до окружниот судија Ричард Леон на натамошно постапување.

„Иако може да се заклучи од претставените докази дека владата собирала метаподатоци на тужителите, може да се заклучи и спротивното“, изјави судијакта Џенис Роџерс Браун.

Одлуката на судот не ја коментирале од американската разузнавачка заедница, ниту од NSA чија програма за масивно следење на електронскиот комуникации на милиони луѓе низ светот пред ве години во медиумите ја разоткри одметнатиот разузнавач Едвард Сноуден. Тој до медиумите достави податоци од кои се гледа дека американското разузнавање, без разлика дали е поведено дело или не од некој прислушуван разговор, ги складира ткн метаподатоци, односно показателите покрај за содржината на разговорот, за идентитетот на лицата, за должината на разговорот, локациите и броевите од кои е воден итн. /крај/мф/сн