Апелацискиот суд во Франција го ослободи Харадинај

0
133

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар го одби барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот водач на УЧК Рамуш Харадинај.

Судот во францускиот град Колмар донесе одлука за ослободување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово.

Судот даде негативно мислење околу барањето на српските власти за негова екстрадиција, се истакнува во соопштението на Апелацискиот суд во Колмар.

Се истакнува дека францускиот јавен обвинител има право во рок од пет дена да поднесе жалба до Врховниот суд на Франција.

Харадинај со одлуката на судот е ослободен и во рок од 24 часа може да се врати на Косово. На одлуката на судот Србија повеќе нема право на жалба.

Поранешниот командант на УЧК Рамуш Харадинај по ослободувачката пресуда изјави дека тоа е „победа на Албанците“ и дека тој е слободен човек и се враќа дома.