Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

0
305

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски денеска ќе бидат изведени пред Судот во Солун, поради поседувањето лажни патни документи со кои престојувале во Грција, наведува АНА-МПА.

На нивното прво појавување пред грчкиот јавен обвинител во Солун, тие ги отфрлиле обвинувањата од македонските власти, оценувајќи ги како политички мотивирани. Притоа, побарале да не бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи стравувале дека нивниот живот ќе биде доведен во опасност.

Во македонските документи доставени до Интерпол се посочува дека станува збор за двајца високопозиционирани членови на тајните безбедносни служби.

Апелацискиот суд во Солун следните денови ќе одлучи дали Грујевски и Бошкоски ќе бидат депорирани во Македонија.

МВР синоќа го доби известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски кои се бараа со меѓународна потерница, а звчера беа приведени во Солун и веднаш го препрати до Министерството за правда за тоа да ги подготви потребните документи за екстрадиција.