Апели за помош на Македонија и Грција за мигрантите

0
538

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци упати апел до Европската унија за помош на земјите кои се најпогодени од бранот бегалци и мигранти, како Македонија и Грција. Според проценките на УНХЦР, деновиве по околу 3 илјади луѓе се очекува да ја минуваат границата меѓу двете земји.

Во вторникот уште 2 ипол илјади мигранти и бегалци со брод биле префрлени во пристаништето Пиреја.

Тоа беше шести таков превоз кој започна пред неколку денови и досега со него се пренесени над 10 илјади луѓе.

Повеќето со автобуси се префрлаат на железничката станица во Атина од каде што заминуваат за Македонија, Србија и Унгарија која најави дека до крајот на месецов ќе ја заврши оградата со цел да ги запре мигрантите.

„Европа не успеа. Европа мора да се движи“, изјави заменик претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, додавајќи. “Досега, многу земји членки сметаа дека можат сами да се справуваат. Тоа не функционира. Мора да сме заедно“.