Apple му се налути на Трамп, ги сопре парите за неговата партија

0
880

Американската корпорација Apple нема да и помогне на Републиканската партија за националниот конгрес во јули поради скандалозните изјави на републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, соопшти американското издание Политико.

Според извори на Политико, Apple изјавила пред лидерите на партијата дека нема да обезбеди, како што правела претходно, финансиска или каква било друга помош за спроведување на конгресот поради изјавите на Трамп за жените, мигрантите и малцинствата. Во написот се истакнува дека компанијата нема намера да врши и било каква техничка помош.

Политико наведува дека други технолошки гиганти како Фејсбук, Гугл и Мајкрософт планираат да помогнат на партијата за конгресот. Претставници на Apple одбија да дадат коментар по објавата, забележува ТАСС.

Во февруари Трамп го критикуваше остро Епл дека одбивањето да изврши на барање на ФБИ да разбие код на еден од произведените од неа смартфони, кој припаѓал на убиен терорист. Тогаш милијардерот предложи да се бојкотираат производите на Apple во САД, додека корпорацијата не го задоволи барањето на властите.

Конгресот на Републиканската партија, на која Трамп ќе биде официјално номиниран за партиски кандидат за претседателската функција, ќе се одрживо Кливленд, Охајо од 18 до 21 јули.