Априлијада во Битола

0
1560

Се одбележува 1ви април денот на шегата и местенките. Денеска највесели беа најмладите  На Широк Сокак сретнаме спајдермени, пепелашки, принцези, вештерки, супермени, бетмени. Така налага традицијата и обичаите. Денеска е денот кога членовите од семејството, колегите и пријателите ќе се обидат, а можеби и ќе успеат, да ве излажат или насамарат.

april8

april7

april6

april5
Иако 1 април се одбележува веќе со векови наназад, со неизбежното „априлили” сеуште нема конкретен избор зошто ова станало “народен празник”.
Се верува дека празникот на шегата се појавил кон крајот на средниот век во Европа како “Ден на сите шеги“ и бил празник со општонародна веселба. Постои и теорија според која корените на тој празник се од стариот Рим каде тамошното население знаело добро да се забавува смислувајќи шеги тој ден.

april4

april 1
Оваа традиција во светот постои веќе неколку векови, раширена е еднакво на Исток како и на Запад, а последните децении најде свое место и во официјалните медиуми.

Во празниците кои според својот дух претходат на Први април се вбројува римскиот фестивал Хилариа на 25 март и средновековниот Празник на лудаците на 28 декември, кој се уште се одбележува во некои земји со шпанско говорно подрачје.Дали поради тоа што на Први април не одбележуваме годишнина на ниту еден трагичен настан или затоа што едноставно сме склони да не го памтиме доброто, точни податоци за потеклото на Први април нема.

voda 01.04.Still008

voda 01.04.Still007voda 01.04.Still002
Легендата вели, а на легендите некогаш треба да веруваме, дека Французите во некои области во средниот век, Новата година ја славеле една недела: прославата почнувала на 25 март а завршувала на 1 април. Меѓутоа, во 1582 година се усвоил Грегоријанскиот календар, според кој Нова година се слави на 1 јануари. Очекувано за време без комуникации какво што го познавеме денес, оваа вест не стигнала на време до сите делови на Франција, па имало и такви кои Нова година и понатаму ја дочекувале на Први април.

voda 01.04.Still006
Празникот настанал така што добро информираните ги исмевале другите.Секако, оваа теорија има некои многу сериозни недостатоци, но бидејќи денеска е Ден на смеењето, а смеењето е лек за се, за грешките во теоријата можеби во некоја друга прилика.