АПРЗ за здружението „Спас “

0
942

agencija 2

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
Како единствена стручна советодавна служба во РМ би сакале да одговориме на обвинувањата кои беа адресирани до владата од страна на земјоделското синдикално здружение “Спас”. Имено, здружението информира за 70 % погодени земјоделски стопанства на територијата на Пелагонија кои претрпеле 100 % оштетување од сушата за што бараат комисија за проценка на штети да излезе на терен со цел увид во состојбите и второто обвинување е адресирано до Јавното претпријатие “Стрежево” за ненавремено интервенирање со водоснабдување до фармерите.
Владата на РМ е во постојан контакт со фармерите преку АПРЗ и навремено е информирана за сите состојби што се случуваат во аграрот во државата. Секојдневните теренски активности кои ги имаат советниците при АПРЗ покажуваат за непријавување на 100% штети од суша. Точно е дека некои фармери реагираат за неповолен полски воден капацитет но не и дека штетите се толку големи. Акцент при наводнувањето се става на градинарските и овоштарските култури но не и кај житните култури за кои воопшто нема потреба од наводнување.
ЈП Стрежево ја консултираше АПРЗ околу состојбата со сушата и околу тоа каде ќе најпотребно да се интеренира со наводнување на што по одговорот од АПРЗ, Стрежево интервенираше на два појаси каде што има систем за наводнување. Залудно е да се обвинува дека Стрежево нема пуштено вода за наводнување во општина Новаци кога каналска мрежа за наводнување не постои. Но и покрај тоа во тек е изградбата на систем за наводнување кој ќе ја покрива општина Новаци за кој владата на РМ одвои 10 милиони евра. Во наредните 4 години уште 200 милиони евра ќе бидат наменети за изградна на системи за наводнување ширум Р. Македонија.
Понатаму, во тек е реконструкција на каналската мрежа и двата канали во општина Могила, такашто во наредните денови состојбата со наводнувањето ќе се стабилизира.
Да не заборавиме дека до 70% од осигурителните полиси наменети за земјоделците се субвенционирани а дополнително на тоа постои и индексирано осигурување кое покрива било каков вид на штети кои се рефлектираат на квантитативниот принос. Но како подсетување дека временските услови кои се појавуваат во тек на една вегетациона година не се појавуваат поради некој или некого. Тоа е природа и затоа земјоделството во најголем случај зависи од временските услови.
Доколку забележиме продолжување на аридниот период, со сигурност ќе се формира комисија за проценка на штети со цел навремено обештетување како што тоа го направивме со појавата на град во Ресенско како и со поплавите во општина Новаци, Могила и Босилово каде 100 процентно ќе бидат обештетени земјоделците и во двата случаи.
Остануваме на тоа дека најблизок пријател на земјоделците е токму оваа Влада.
Директор
М-р Игор Златков