Апсења во Париз во врска со терористичките напади

0
304

Француската полиција во париското предградие Сан Дени уапси жена за која се вели дека е во директна врска со помагачите на еден од обвинетите за терористичките напади од 13 ноември.

Според извори на истрагата, 25- годишната жена е партнерка на претходно уапсениот маж во предградието Малакоф, кој досега на полицијата и бил познат како дилер на дрога.

Но според информациите, тој соработувал со Џавд Бендауд, единствениот кој прелиминарнно е обвинет за нападите во Париз. Бернауд пред апсењето признал дека му обезбедил засолниште на Абуд, но негирал дека знае за нападите.

Абуд, неговата роднина и еден неидентификуван маж беа убиени во полицискатата акција на 18 ноември, во станот на Бернауд.

Без коментари

LEAVE A REPLY