Апсења во Турција

0
268

Турските власти издадоа наредба за апсење на 129 службеници на локалната власт во Анкара и на две министерства во рамки на истрагата против поддржувачите на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кого турските власти го обвинуват дека стои зад обудот за пуч во земјата во јули минатата година, јави Си-Ен-Ен Турк.

Телевизијата посочи дека се издадени налози за апсење на 50 службеници во Градскиот совет на Анкара, 19 на околиските совети, 30 во Министерството за развој и 30 во Министерството за образование.