Апсење во БиХ, пронајдени бомби и мини

0
372

Службеници на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) уапсиле три лица кај кои е пронајдено оружје и знаме на Исламска држава.

СИПА соопшти дека се претресени објекти на три локации како продолжување на акцијата „Дамаск“ која има за цел откривање на личности за кои постои сомневање дека имаат врска со радикални исламистички терористички организации.

За уапсените Н.Ш (1988), А.М (1960) и Џ.В (1989) постојат основи на сомневање дека извршиле кривично дело противзаконско формирање и придружување на странски паравоени и параполициски формации.

СИПА наведе дека во акцијата се пронајдени рачни бомби, томблонска мина, противпешадиски нагазни мини, голема количина муниција, мачети, знаме на Исламска држава како и пластичен шаблон за цртање на обележјата на ИД.