Апсењето Срби на Косово е обид за спречување на дијалогот

0
252

Српскиот претедател Александар Вучиќ изјави дека апсењето на Србинот Богдан Митровиќ на Косово поради наводни воени злосторства, е вушсност обид на одредени сили да спречат секаков дијалог меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ по средбата со американскиот сенатор Рон Џонсон рече дека Србија ќе се погрижи за Митровиќ.

– Мене ми личи дека позади сето тоа стои политика. Проверивме во архивите, нема докази дека направил нешто лошо, нема ниту благи назнаки за такво нешто..Не можеме да гарантираме но во наредните денови ќе знаеме точно што се случува – изјави Вучиќ.

Србинот Богдан Митровиќ беше уапсен вчера во Сува Река додека со група Срби ги обиколувале своите разурнати куќи и уништената црква Света Богородица.

http://makfax.com.mk

Без коментари