Аргентинската морнарица во своите води потопи кинески брод поради нелегален риболов

0
448

Аргентинската морнарица потопи кинески рибарски брод, затоа што, наводно, противзаконски влегол во аргентинските територијални води. Бродот „Лу Јан Јуан Ју 010“ аргентинската морнарица го пресретнала вчера во близина на Пуерто Мадрин, околу 1.460 километри јужно од Буенос Аирес, поради нелегален риболов.

Откако кинескиот рибарски брод ги игнорирал сите предупредувања, тие наводно се обиделе да избегаат во меѓународни води, а не сопреле ни откако Аргентинците испукале неколку предупредувачки истрели.

Кинескиот брод се обидел неколку пати да се забие во аргентинската патрола, па воениот брод на Аргентина припукал во кинескиот брод.

Погоден неколку пати, кинескиот брод почнал да тоне, а аргентинската морнарица евакуирала четири члена на екипажот на кинескиот брод, додека останатите 28 ги спасил друг кинески брод во минување.

Кина потврди дека рибарскиот брод ловел во аргентински територијални води и дека аргентинската морнарица го бркала кинескиот брод пред на крајот да го потопи.

www.mkd.mk