АРМ е веќе на северната граница

0
243

Војници од мешовит состав, од различни единици на АРМ веќе се упатени на северната граница, а претходницата е таму уште од вчера, изјави за МКД.мк портпаролот на ГШ на АРМ, Мирче Ѓоргоски.

„Врз основа на наредбата на Врховниот командант, началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски издаде наредба за ангажирање на потребен број војници и опрема од неколку единици на АРМ кои се упатени на северната граница“, изјави полковникот Ѓоргоски.

Според него, бројката на ангажирани војници е одредена според заедничките проценки со полицијата. Засега, нема проценки и потреба за ангажирање на војската на северната граница.