АРМ започна со расчистување и дезинфекција на поплавените куќи и дворови

0
595

Механизацијата на КФОР која пристигна во четвртокот во координација со припадниците на АРМ се вклучи веднаш на сите оние места каде за тоа има потреба во расчистување на улиците од наносите од поплавата, соопштуваат од АРМ.

Припадниците на АРМ од единиците на АБХО отпочнаа со дезинфекција по куќите и дворовите со цел превентивно делување во спречување на појава на заразни заболувања.

Од почетокот на ангажирањето на АРМ на реоните на Скопје погодени од поплавата рамноправно со своите колеги припадничките на АРМ ги извршуваат сите доделени задачи онаму каде е најпотребно.

Вклучени се во расчистување на наносите од куќите и дворовите, регулирање на сообраќајот, испумпување на вода, дезинфекција на просторот и на сите останати активности каде се  ангажирани припадниците на АРМ./крај/мф/бс