Армијата го презеде чувањето на амбасадите во Виена

0
428

Австриската армија го презеде чувањето на странските дипломатски претставништва и сличните установи во Виена.

Вооружените сили ќе се грижат за безбедноста на 24 објекти во шест виенски окрузи. Вкупно 110 професионални војници ќе ги исполнуваат задачите во рамки на акцијата за пружање поддршка на полицијата.
– На тој начин полицијата може да се посвети поинтензивно на задачите поврзани со миграцијата и спречување и расветлување на криминалот, прецизираше во соопштение министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка.
Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил нагласи дека војниците се подготвени за извршување на своите нови задачи.
За извршување на новите задачи војниците ќе бидат опремени, како што беше и полицијата за истата работа, со спреј, службени пиштоли, а пред одредени објекти и друго оружје.
Освен тоа војниците ќе имаат исто овластувања како што има полицијата, на пример, право некому да забранат пристап, со исклучок на легитимирање и апсење.