Аројо и Самуелс потпишаа за Барселона

0
228

Самардо Самјуелс и Карлос Аројо од наредната сезона ќе го носат дресот на кошаркарскиот клуб Барселона. Jамајканецот Самјуелс со Барса потпишал двегодишен договор, тој во претходните две години беше дел од тимот на Армани Милано. Минатата сезона Самјуелс во Евролигата во просек по натпревар имал учинок од 11,3 поени и 4,6 скока. Портoриканецот Аројо со Барселона договорил едногодишна соработка од која ќе инкасира 900.000 евра. 35 годишнот Аројо по пауза неколку месеци повоторно се враќа во Европа, откако на во вториот дел од минатат сезона го раскина договорот со Галатасарај. Претходните четири години Аројо играше во Турција во редовите на Бешикташ и Галатасарај.