Арсенал оружје пронајден кај жител на село Одри

0
261

Во акција на теовската полиција при претрес на домот на педесет и едногодишниот тетовец пронајден е арсенал оружје.

На 3 септември  од страна на полициски службеници од тетовската полиција извршен е претрес во домот на Н.С.(51) во тетовското село Одри.

Во претрeсот, соопшти полицијата, реализиран со судска наредба, пронајдени се: пушкомитралез ДЕ 806, калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин “Стејер“, калибар 7,62 милиметри за кој поседувал дозвола, 406 куршуми калибар 7,62 милиметри ставени во реденик, најлонско ќесе и метална кутија, како и 150 куршуми калибар 12,7 милиметри, кои се наоѓале во две затворени метални кутии. Сите предмети кои се пронајдени во претресот се фото и видеодокументирани, а потоа со потврда се одземени и дадени за вештачење.

Педесет и едногодишниот тетовец е приведен и во консултација и координација со јавен обвинител, задржан  во СВР Тетово. Се работи на целосно расчистување, а утре (4 септември) со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Тетово, велат од полицијата.

Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси и во домовите на уште две лица во село Одри. При тоа, во домот на Џ.З.(48) пронајдени се две непознати растенија високи околу 2 метри, најверојатно канабис сатива, четири патрони од ловечко оружје калибар 16 милиметри и гасен пиштол. Во домот на Б.Ш.(37) пронајдено е непознато растение високо два и пол метри и скршена гранка од истото, велат оттаму. Пронајдените предмети се документирани и со потврда одземени, додека двете лица се приведени и со нив е извршен разговор по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.