Art walk- уникатно уметничко доживување во Битола

0
3106

Art walk е настанот кој го привлече вниманието на битолчани, но и многубројните гости од другите градови и држави во центарот на градот .

Под ова мото се одбележа 10 годишното постоење на Лајонс клубот Битола.
10 битолски уметници на 10 битолски локации во само 1 ден, беа дел од овој настан
кои на секоја локација понудија уникатно уметничко доживување.
Лајонсите се секогаш таму каде што треба, и тоа уште од 1917 година. Секогаш горди и обединети. На настанот беа присутни значајни гости од Скопје, меѓу кои сегашниот и претходните гувернери.
Оваа година ликовната колонија Де Ниро, перформансот на Мирослав Масин и Фолтин, дадоа дополнителен печат на уметничкото доживување во Битола.
Стартот на уметничкото движење беше во бистрото Бела куќа со Маја Ковачевска, продолжи во магазата со Мирјана Бубевка, ДЛУБ. со Елена Ѓоргиевска, Артикултура со Виктор Нале, Бар чаршија со Мирослав Николовски, Радост со Буба Солак, Порта џез со Сандра Котевска, Атеље Солак со Димитар Солак и заврши во Јагода со Ивона Кочов.
Лајонсите неодамна одбележаа  20 години од Лајонизмот во Македонија и 100 години на Лајонизмот во светот.