Асад почна масовни воздушни напади врз ИСИС со новото руско оружје

0
258

Сириската војска на претседателот Башар ал Асад почна еден од најголемите воздушни напади врз градот Палмира, кој од мај е под контрола на Исламска држава, јави Би-би-си.

Во околу 25-те воздушни напади има 26 мртви, меѓу кои и 12 исламски милитанти, пренесе сириската организација за човекови права со седиште во Велика Британија.

Исто така, во воздушните напади врз градот Идлиб, тврдина на неколку исламистички групи, се убиени 17 лица.

Сириски извори велат дека Сирија користи ново оружје, кое е многу попрецизно, а им го испратиле Русите.

Без коментари

LEAVE A REPLY