Асанж: Јас му кажав на Едвард Сноуден да избега во Русија

0
289

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж открил дека тој го советувал Едвард Сноуден да избега во Русија, додавајќи дека во спротивно ризикувал да биде „киднапиран а можеби и убиен“, пренесува Дејли мејл.Асанж тврди дека му кажал на поранешниот соработник на американската разузнавачка агенција НСА Сноуден да ја избере контроверзната дестинација откако тој ги објави деталите за опсежната програма за набљудување на американската влада во медиумите во 2013 година.

Сноуден наводно сакал да избега во Јужна Америка, но Асанж се плашел дека така би можел да биде киднапиран од страна на ЦИА.Основачот на сајтот Викиликс, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни 2012 година, за весникот Тајмс изјавил дека „Сноуден многу добро знаел за политичкиот контекст кој ќе биде употребен доколку побара азил во Русија“.

„Тој ја претпочиташе Јужна Америка, но мојот совет беше да побара азил во Русија и покрај негативните пропагандни последици, бидејќи мојата проценка беше дека се изложува на значителен ризик од киднапирање во Јужна Америка по наредба на ЦИА“, кажал Асанж.

Тој подоцна додал и дека се плашел дека Сноуден можел да биде „киднапиран а можеби и убиен“.

Без коментари

LEAVE A REPLY