Асанж: Време е европските влади да преземат акции за прислушувањето на САД

0
181

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж синоќа на француската телевизија изјави дека дојде времето европските влади да преземат легални акции за американското прислушување, откако беа обеледенети документи што откриваат дека Вашингтон ги прислушувал тројцата француски претседатели, пренесува Танјуг.

Асанж во изјавата за телевизијата TF1 ја повика Франција да го преземе водството и да покрене парламентарна истрага за активностите на странското шпиунирање.

Тој додаде дека ќе следат и други значајни откритија.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд вчера соопшти дека разговарал со претседателот на САД Барак Обама за наводите за американското прислушување на француските лидери и дека Обама го повторил ветувањето дека ќе претсане со тактиката на шпионирање што се „неприфатливи меѓу сојузниците”.

Инаку, Викиликс во вторникот објави документи означени како „Врвна тајна” според кои американските безбедносни служби ги шпионирале Жак Ширак, Никола Саркози и сегашниот претседател Оланд, во периодот од 2006-тата до 2012-тата, така што ги прислушувале нивните телефонски разговори и ја пресретнувале нивната електронска (и-меил) преписка.

Без коментари

LEAVE A REPLY