Аселборн: Од вас зависи препораката за преговори, немојте да нè разочарате

0
301

Лидерството во Скопје мора да биде свесно дека договорот од 2 јуни и протоколот од 15 јули се само почеток. Сега тие треба да бидат целосно спроведени и ќе биде тешко за комесарот Хан да формулира позитивна препорака во октомври ако домашната ситуација се влоши дотогаш. Одговорноста да ѝ се овозможи на Комисијата да ја повтори препораката лежи кај политичките лидери во вашата земја, вели министерот за надворешни работи на претседавачот со ЕУ Луксембург, Жан Аселборн, во интервју за Радио Слободна Европа.