Асфалт ќе добијат, но бараат и решение за канализацијата

0
636

Оваа е улицата Христо Ботев во центарот на градот, ќе добие асфалт, но нема каналзација вака реагираат тамошните жители кои велат дека неколку пати се обратиле кон општината со цел работите да имаат приоден тек, прво подземна комунална инфраструктура, а потоа асфалт.

„ Се обративме до општината, до Нискоградба кои ни ветуваа дека ќе се реши пробемот кој го зафаќа централното градско подрачје каде што канализација немаме него се поминува низ т.н гериз, а плаќаме редовно за канализација“ вели Ацо Џоклевски

Бидејќи не наишле на одговор од надлежните решиле јавно да проговорат за проблемот. И прашуваат што ќе се случи кога ќе се појави првиот дефект.

„ Не дека ми пречи ваквиот начин, но не се оди вака на сила ќе го поставиме асфалтот, а вие терајте си работа“ вели Љупчо Петревски.

За проблемот на жителите денеска побаравме одговор од општина Битола. Од таму велат дека проблемот не бил кај општината. На улицата која ќе се асфалтира функционира постоечката канализација. За да се случи растеретурање потребно е преку некои приватни парцели да се пренасочи канализационата мрежа, но од општината велат дека за тоа согласност треба да дадат сопствениците. Меѓусебно тоа треба да го решат, за општината да може да интервенира, објаснуваат од општина Битола.