Атина демантира дека Грција е транзитна зона за џихадистите

0
319

Тврдењата дека преку Грција продолжуваат да преминуваат џихадисти се невистинити и и штетат на земјата, изјави грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Тоскас, пренесува МИА.

Ваквата негова изјава претставува реакциа на тврдењата на претставници на Грчката федерација на граничната полиција за бегалското прашање, посебно дека Владата на Идомени дозволила да се создаде ситуација која не може да управува. Грчката гранична полиција тврди дека Грција продолжува да биде транзитна зона за џихадистите.

Од полицијата соопштија дека ќе се спроведе истрага за изјавата, а собраните докази ќе бидат предадени на Обвинителството.

Во исто време весникот „Прото тема“ објави дека состојбата во импровизираните бегалски кампови во Грција е надвор од контрола и оти растат тензиите меѓу мигрантите.

Без коментари

LEAVE A REPLY